Real Time Web Analytics

Apple Watch станува медицинско помагало?

0

Фановите на технологија погодна за носење секогаш може да пронајдат причина зошто истата е супер и зошто секој би требало да ја користи. Така, се чини дека ваква технологија дури и да спаси животи, барем кога станува збор за Apple Watch.

Веќе се познати случаеви кога опцијата за следење на работата на срцето на корисниците на Apple Watch им посочила на проблеми и можен срцев удар, но тоа значело дека срцевиот удар е во тек или дека ќе следи.
Истражување спроведено од страна на Универзитетот на Калифорнија во Сан Франциско открило дека апликацијара Cardiogram на Apple Watch, всушност, може да го предупреди корисникот дека му прети срцев удар, пред и да се случи или за појава на првите симптоми.

Користејќи повеќе од 100 милиони податоци за работата на срцето од страна на повеќе од шест илјади корисници на Apple Watch, програмерите на Cardiogram развиле алгоритам кој може да открие атријална фибрилација, која е често асимптоматска.

Алгоритамот на Cardiogram потоа бил тестиран во болница, а резултатите биле изненадувачки. Apple Watch во дури 97 отсто од случаите открил атријална фибрилација.

„Apple има направено одлична работа со сензорот“, вели Брендон Балинџер, еден од програмерите на Cardiogram за Macworld.

Интересно е тоа што неколку дена по објавувањето на оваа студија се појавија информации дека Apple планира својот паметен часовник да го претвори и во уред за контрола на нивото на шеќерот во крвта.
Не е познато како Apple тоа планира да го направи, ниту дали всушност се работи на тоа.

Извесно е дека Apple нема во скоро време својот паметен часовник да го продава како медицински уред. Имено, за тоа би им требало одобрение од американската прехрамбена и лекарска асоцијација, што е долг процес, кој би го забавил понатамошниот развој на хардверот.

Но, тоа не значи дека на своите клиенти Apple не може да им понуди апликации кои ќе им помогнат во следење на нивното здравје и на време да побараат медицинска помош.


Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »