Apple подготвува 5G iPhone со чип од Intel

0

Apple интензивно се подготвува за новата генерација на мобилни мрежи, а како партнер се наметнува Intel.

Долго време Apple во своите iPhone и iPad користеше Qualcomm чипови и сето тоа изгледаше како совршена партнерство, но потоа работите почнаа да се менуваат. Имаше тука и судски тужби, „тешки зборови“, па така малку по малку заедно со Qualcomm чиповите, Apple во своите уреди почна да интегрира и чипови од Intel. Оваa ера e отворena со моделиte iPhone 7 и iPhone 7 Plus и како што изгледа сега, Apple во блиска иднина комплетно ќе се сврти кон Intel како единствен сигурен и вистински партнер.

Така барем мможе да се заклучи од „инсајдерски“ озборувања кои доаѓаат од технолошките и финансиските пазари, според кои Apple се подготвува за производство на еден модел на iPhone кој ќе поддржи 5G LTE мрежа, се разбира во соработка со Intel. Наведените 5G мрежи во блиска иднина ќе станат стандард, особено на пазарите и во земји кои ние ги нарекуваме напредни, а Apple како еден од најголемите и најреномираните производители на паметни телефони во светот мора да биде во тренд, ако не и лидер.

Факт е дека во овој момент Qualcomm 5G чиповите се понапредни од оние произведени од Intel, па сепак, и тоа би требало да се промени, бидејќи наводно „неколку илјади“ вработени во Intel интензивно работат на подобрување на своите 5G чипови. Овие нови чипови треба да станат составен дел од iPhone, но не пред 2019 или 2020 година, велат тековните шпекулации. Како што веќе е традиција, коментари од Apple во врска со ова, нема.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »