Apple: Голема промена со новото ажурирање следниот месец

0

Извршниот директор на Apple, Тим Кук изјави дека следното ажурирање на iOS11 на корисниците ќе им овозможи сами да одлучат дали системот „намерно“ ќе ја забавува работата на телефонот поради заштеда на батеријата или не

Откако минатиот месец компанијата призна дека намерно ги успорувала постарите модели на iPhone поради можни проблеми со батеријата, јавноста се дигна на нозе и беа поднесени неколку тужби.

Во интервју за ABC News, Кук вели дека новото ажурирање iOS11 кое доаѓа следниот месец ќе овозможи корисниците сами да изберат.

„Ние ќе им дадеме на луѓето увид во состојбата на батеријата и се ќе биде многу транспарентно. Тоа досега не го правевме“, вели Кук.

Тим Кук, исто така, вели дека iOS 11 ќе ги информира корисниците за автоматско намалување на перформансите за да спречи ненадејно гасење на телефонот.

„Ако тоа не го сакате, исклучете“, вели тој, додавајќи дека тоа сепак не е пожелно поради должината на животниот век.

Инаку, Apple им се извини на корисниците за досегашното намерно забавување на уредите.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »