Првиот човек на групацијата FCA, Серџо Маркионе открива дека Alfa Romeo се уште не е профитабилен бренд, иако ги намалува загубите

Пред неколку години, FCA започна со темелна реизградба на овој популарен бренд, но и покрај очекувањата на Маркионе, лансирањето на седанот Giulia и SUV моделот Stelvio, не придонесе Alfa Romeo да почне да заработува пари.

Глобалната продажба на Alfa Romeo од 71.700 единици во 2016 година пораснала на 118.000 во 2017 година, а производството од 93.117 на 150.722.

Сепак тоа е далеку од прогнозата на Маркионе во 2014 година дека Alfa Romeo ќе достигне 400.000 возила до 2018 година, со лансирање на осум нови модели.

FCA се откажа од овие цели и го одложи лансирањето на нови модели за средината на 2020 година.

Прогнозите на Маркионе паднаа во вода и поради многу помалиот удел на пазарот во САД отколку што се очекуваше, како и неуспешниот пробив на најголемиот светски пазар – Кина.