421 КС за хибридниот Volvo XC60

0

Polestar најави дека наскоро ќе ја претстави доработката за Volvo XC60. Со зголемувањето на моќноста до 421 КС, хибридниот XC60 T8 ќе стане втор најмоќен модел во историјата на брендот, заедно со XC90 T8.

Покрај моторот, инженерите обрнале внимание и на менувачот. Со подобрувањата, брзините се менуваат побрзо, а границите помеѓу две брзини се преподесени со цел вртежниот момент на моторот да се користи максимално. Во свиоци пак трансмисијата ќе може да ја задржи поставката за подобра стабилност.

Според Хенрик Фрајс, потпретседател на одделот Истражување и развој во Polestar, целта на доработката е максимално добри перформанси на патот. Од студиото уверуваат дека зголемената моќност нема да ја промени на просечната потрошувачка од 2,1 литри на 100 километри. Нема да се наруши и гаранцијата на возилото, дадена од производителот.

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »