2019 Audi A7 Sportback – напредок во секој поглед

0

По кратката тизер кампања, Audi го претстави новиот A7 Sportback.

Влечејќи инспирација од Prologue Concept и поставен на MLB платформата, исто како и новиот А8, A7 Sportback напред донесува елегантен и возвишен дизајн со широка Singleframe решетка опкружена со препознатливите светла и спортски отвори за воздухот.

Задниот дел на автомобилот, толку оспоруван во претходната генерација, се „стеснува како јахта“, и има интегриран спојлер кој автоматски се зголемува на 120 km/h (74 mph). Дизајнерите, тука инсталирале светлосна лента по целата должина која се состои од 13 вертикални сегменти кои можат да „играат“ со различни светлосни анимации.

Димензии не се многу променети во однос на претходникот, па така новиот A7 Sportback е со должина од 4.969 mm (5 mm пократок од предходникот), ширина од 1.908 mm (1.911 mm претходно), висина од 1.422 mm (1.420 mm претходно), а меѓуоскиното растојание е продолжено до 2.926 mm (+15 mm во споредба со претходникот). Моделот е поставен на тркала од 21 инчи.

Во салонскиот дел, возачите ќе пронајдат елегантен и хај-тек ентериер опремен со два екрани на допир (10.1 и 8.6 инчи). Има повеќе место (ова се однесува пред се на просторот за колената и главата на патниците позади), а клиентите ќе имаат можност да изберат дали на задната клупа сакаат седиште за двајца или тројца патници. Багажникот е со волумен од 535 литри (1.390 литри со соборени задни седишта).

За внатрешноста, секако, достапни се разни опции, вклучувајќи го виртуелниот кокпит на Audi, главниот екран и аудио системот на Bang & Olufsen. Да ги споменеме и навлаките од Valcona кожа за седиштата, технологијата за гласовна контрола, амбиентален светлосен пакет…

На сето ова треба да се додаде и останатата технологија како далечински паркинг, Matrix LED светла, 48-волтен електричен систем, систем за управување и на задните тркала, како и новината веќе видена во новиот Audi A8 – при брзина од 55-160 km/h повремено гасење на моторот за да се заштеди гориво (моторот повторно ќе се запали со притискање на педалата или намалување на дефинираната брзина).

Моделот доаѓа со 4 верзии на суспензија. Во основната верзија се челични пружини, а во случај на спортската верзија клиренсот е намален за 10 мм. Следат верзија со пневматски систем кој ја порамнува наклонетоста на каросеријата, а во топ верзијата суспензија е пневматска со адаптибилни амортизери и активен заден диференцијал.

Што се однесува до понудата на мотори, првично ќе биде понуден само 3.0-литарски V6 TFSI бензински мотор со 340 KS и 500 Nm (споен со 7-степенски S Tronic менувач со двојна спојка и quattro погон), што е доволно моделот А7 55 TFSI quattro S Tronic до 100 km/h да забрзува за 5,3 секунди и достигне максимални 250 km/h.

Подоцна, се разбира, во понуда ќе бидат и други мотори, и тоа гама на 4 и 6-цилиндерски бензински и дизел агрегати.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Пазарното лансирање е закажано за февруари 2018 година, при што A7 55 TFSI quattro S tronic во Германија ќе чини 67.800 евра.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »