Фантастична трка за фантастичен почеток на сезоната!

Андреа Довициозо во трилер завршница успеа да го одбие нападот од страна на Марк Маркез и стигна до првата сезонска победа на отварањето на сезоната во Катар.

Возачот на Ducati трката не ја започна онака како што посакуваше, но како што минуваше времето, се пробиваше кон водечките за да во 15-от круг го престигне и дотогаш водечкиот во трката, Жоан Зарко. Истото веднаш го стори и Маркез, не дозволувајќи му на својот главен ривал од минатата сезона да направи значајна разлика.

Довициозо се обидуваше да направи каква-таква предност и со тоа да ја развлече водечката група, но актуелниот шампион додаде гас и феноменално го одвози последниот круг. Нападна во кривината 16, но сепак остави доволно место Довициозо повторно да го преземе водството. Иако Маркез беше во страшен налет, Довициозо сепак издржа и, како што се вели, „за тркало“ успеа да победи. Да споменеме дека Италијанецот трката во Катар во последните три сезони ја завршуваше како втор.

Маркез на крајот мораше да се задоволи со второто место, и покрај неверојатни напори, додека Валентино Роси го заокружи подиумот на Losail International Circuit, не дозволувајќи никакво изненадување од страна на Кал Крачлоу. Да потсетиме дека „Докторот“ пред само неколку дена го продолжи договорот со Yamaha за уште две години. Одличниот Британец на LCR Honda, Кал Крачлоу на крајот заврши на четвртата позиција, иако се чини дека и тој и Зарко (со Yamaha од 2016 година) се подготвени за големи изненадувања.

Зад првите четворица, Петручи на Pramac Ducati мораше да се задоволи со петтото место, иако имаше одличен старт, а Вињалес успеа да го поправи впечатокот по првиот дел од трката и на крајот стигна до шестата позиција. Дани Педроса на Repsol Honda успеа да го победи Зарко во битката за седмото место.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1AGA1161hgtxedUGHQBsOQongVQENM7Tx” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

2018 Grand Prix of Qatar / РЕЗУЛТАТИ

2018 Grand Prix of Qatar / ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ВОЗАЧИ

2018 Grand Prix of Qatar / HIGHLIGHTS

Трката не ја завршија Пол Еспаргаро, Алекс Ринс и Хорхе Лоренцо.

Следната трка од MotoGP шампионатот се вози на 8 април во Аргентина.